Во плодната почва биле засадени ДВЕ СЕМИЊА едно до друго.

Првото СЕМЕ рекло:
– САКАМ ДА РАСТАМ! Сакам да ги пуштам корените длабоко во…

Во плодната почва биле засадени ДВЕ СЕМИЊА едно до друго.

Првото СЕМЕ рекло:
– САКАМ ДА РАСТАМ! Сакам да ги пуштам корените длабоко во почвата под мене и да пуштам ливчиња преку земјината кора и надвор. Сакам да ги развијам нежните пупки како знаменца, за да го најавам доаѓањето на пролетта. Сакам да ја почувствувам топлината на сонцето врз лицето и благодетта на утринската роса врз моите венчени ливчиња. И ТАКА ТОА ПОРАСНАЛО.

Другото СЕМЕ рекло:
– СЕ ПЛАШАМ. Ако ги пуштам корените надолу во земјата, со што ли се ќе се сретнам во мракот. Ако си направам пат нагоре, преку тврдата почва над мене, можам да си ги нахранам ливчињата. Но, што ќе се случи, ако ги отворам пупките и некој инсект се обиде да ми ги изеде? А кога ќе ги отворам цветовите, што ако некое мало дете ме откорне од земјата? Не, многу подобро е да почекам, додека не стане посигурно. И ТАКА ТОА ПОЧЕКАЛО ДА ВИДИ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ.

Но случајно една кокошка, која си буричкала низ ровката почва барајќи храна, го нашла СЕМЕНЦЕТО, кое чекало да види што ќе се случи, но за жал бргу било ПРОГОЛТАНО од кокошката.

ПОУКА: ОНИЕ ОД НАС КОИ НЕ СЕ ОСМЕЛУВААТ ДА РИЗИКУВААТ И ДА РАСТАТ ВО ЖИВОТОТ, И ЧЕКААТ ШТО ЌЕ ИМ ДОНЕСЕ ИСТИОТ, СЕ ПРОГОЛТАНИ ОД ЖИВОТОТ!

Затоа ризикувајте, истражувајте, и почуствувајте ја топлината и радоста на животот.

Leave a Reply