Те сонувам иако не смеам, иако не сакам. Луѓето се сеќаваат на минатото ако сакаат, но забораваат ако можат. Кога мислам на тебе и самотијатa ми е убава. И животот ми добива некаква смисла, но често како да ги одбегнувам полесните патишта и создава испреплеткани случки , можеби за поука.

Те сонувам иако не смеам, иако не сакам. Луѓето се сеќаваат на минатото ако сакаат, но забораваат ако можат. Кога мислам на тебе и самотијатa ми е убава. И животот ми добива некаква смисла, но често како да ги одбегнувам полесните патишта и создава испреплеткани случки , можеби за поука. Не дозволувам сама да учам, од сопствените грешки а често грешам. Љубовта не умира, неа ја убиваат луѓето. Те молам разбудиме од овој лош сон, од сон кој ми создава само тешки болки. Разбуди ме и одведи ме некаде далеку, зашто овде нема место за мене и тебе, за нас. 

Да те заборавам, неможам. Така уште повеќе те засакувам, а знам дека кога си сам никој не може да те остави. Полека и тивко губам се… Живеам но не чувствувам… имам сила, а слаба сум… неподвижна во срцето, смрзната во душата. Тагувам но не плачам. Сонувам а будна сум. Посакувам моќ а нема ниту капка среќа.

За да го најдам она што сум го изгубила треба да се вратам по истиот пат, по кој одев, а не можам не смеам. Чувствувам страв во глувата ноќ исполнета со чудни гласови. 
Сама сум иако те имам тебе!

Leave a Reply