ОВА Е за сите ВАС кои имате родители, за ВАС кои сте родители, за ВАС кои сте имале родители, за ВАС кои ги знаете оние кои имаат родители, и за ВАС кои познавате нечии родители.
ДРАГИ СИНЕ/ЌЕРКО
ОВА Е за сите ВАС кои имате родители, за ВАС кои сте родители, за ВАС кои сте имале родители, за ВАС кои ги знаете оние кои имаат родители, и за ВАС кои познавате нечии родители.
ДРАГИ СИНЕ/ЌЕРКО
- Сега уште не сум остарен, а кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и пробај да ме разбереш.
- Ако се изнакапам додека јадам, и ако сам неможам да се облечам, биди трпелив со мене. Сети се на сатите кои ги имам потрошено додека на тоа јас те научив.
- И ако во разговор повторувам исти работи повторно и повторно, немој да ме прекинуваш, слушај ме. Кога беше мал, морав исти работи да ти ги кажувам по сто пати.
- Ако не сакам да се мијам и капам, не ме исмејувај и не ме вреѓај, сети се како морав да те молам и тепем за да те искапам.
- Кога ќе видиш колку не ја познавам новата техночогија, дајми време и немој да ми се потсмеваш, бидејќи јас тебе те научив на многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облекуваш и да се соочуваш со ЖИВОТОТ.
- Ако некогаш во разговор заборавам или ја изгубам мислата, дај ми малку време да се присетам и ако неможам немој да ми се потсмеваш, зошто мене не ми е најважната работа на светот нашиот разговор, туку да бидам со тебе и знаеш да ме слушаш.
- Ако не сакам да јадам, немој да ме присилуваш, сам знам кога ми е потребна храна.
- Кога старите нозе нема да можат да ме држат и нема да можам да одам, подај ми рака исто онака како јас тебе ти ја подавав раката кога прв пат проодуваше.
- И ако ти кажам дека не сакам да живеам, сакам да умрам, не лути се на мене. Еден ден ќе ме разбереш.
- Еднаш ќе сватиш дека покрај сите мои грешки кон тебе, биле само дека сум ти сакал се најдобро и да те подготвам за понатамошниот ЖИВОТ.
- Не ме ожалостувај, не лути се и не се осеќај беспомошно кога ќе ме гледаш таков покрај себе. Биди покрај мене и пробај да ме разбереш и помогни ми исто така како што јас ти помогнав кога почна да ЖИВЕЕШ.
БИДИ МИ ПОТПОРА, ПОМОГНИ МИ ДА ГО ЗАВРШАМ ОВА ПАТУВАЊЕ СО ЉУБОВ И СО ТРПЕНИЕ. ЈАС ЌЕ ТИ ВРАТАМ СО ОСМЕВ И СО НЕИЗМЕРНА ЉУБОВ КОЈА ОТСЕКОГАШ ЈА ЧУВАВ ЗА ТЕБЕ.
ТЕ САКАМ СИНЕ/ЌЕРКО
ТВОЈОТ ТАТКО/ТВОЈАТА МАЈКА !