АКО САКАТЕ НЕШТО ТОГАШ УЖИВАЈТЕ ВО ТОА ШТО ГО САКАТЕ… EДЕН ДЕН ИЛИ СЕГА ?
Мојот пријател отвори една од кутиите кои и припаѓаа на неговата жена.
АКО САКАТЕ НЕШТО ТОГАШ УЖИВАЈТЕ ВО ТОА ШТО ГО САКАТЕ… EДЕН ДЕН ИЛИ СЕГА ?
Мојот пријател отвори една од кутиите кои и припаѓаа на неговата жена. Извади една кеса завиткана во хартија и рече:
– Ова не е било што, ова е нешто специјално. Ја одвитка кесата од хартијата и длабоко се загледа во прекрасниот фустан од свила кој беше во неа.
– ТАА го купи фустанот, кога прва пат бевме во Њу Јорк пред осум години. Никогаш не го употреби. Го чуваше за некој ” СПЕЦИЈАЛЕН МОМЕНТ “. Јас мислам дека сега е погоден момент за тоа.
Се доближи до креветот и го остави фустанот покрај другата гардероба, што ќе ја има таа на погребот. Неговата жена почина. Се сврте кон мене и ми рече:
– НЕ ЧУВАЈ НИКОГАШ НИШТО ЗА НЕКОИ СПЕЦИЈАЛНИ МОМЕНТИ, СЕКОЈ ДЕН ВО ТВОЈОТ ЖИВОТ Е СПИЦИЈАЛЕН.
Сеуште мислам на неговите зборови…тие го променија мојот живот.
- ЈАС читам повеќе,чистам помалку.
- ЈАС седам на тераса и уживам во пејзажот, и не ми сметаат лисјето во дворот.
- ЈАС поминувам повеќе време со најблиските, одколку на работа. Сватив дека ЖИВОТОТ е всушност една целина исполнета со задоволства, а не курс за прежививање.
- ЈАС не чувам повеќе ништо.
- ЈАС ги употребувам моите кристални чаши секој ден.
- ЈАС ако сакам го облекувам моето ново сако кога одам во супермаркет.
- ЈАС не го чувам мојот најдобар парфем за специјални излегувања. Фразите ” ЕДЕН ДЕН ” или ” ЕДЕН ОД ОВИЕ ДЕНОВИ ” скоро изчезнаа од мојот речник. Ако е нешто вредно да се види, работи или слушне,тогаш јас сакам тоа да го видам, работам или слушнам.
Сега ЈАС не сум сигурен што би направила жената на мојот пријател, да знаела дека нема да биде овде утре. ЈАС мислам дека ТАА би била повеќе во контакт со нејзината фамилија, со нејзините најблиски пријатели. ТАА можеби би им се јавила на своите стари пријатели и би ги замолила за прошка за некои неспоразуми, и би се помирила со нив. Верувам дека ТАА би отиднала да јаде во кинески ресторан, тоа беше нејзината најомилена храна.
МИ смета кога не би им се јавил на пријателите, на кои ” ЕДЕН ДЕН ” би планирал да им се јавам. МИ смета и ме растжува кога не би им рекол на моите родители, пријатели дека ГИ САКАМ. Сега се трудам да не задоцнам, и секој ден си кажувам на себеси дека СЕКОЈ ДЕН Е СПИЦИЈАЛЕН… СЕКОЈ ЧАС… СЕКОЈА МИНУТА Е СПЕЦИЈАЛНА.